Антонио Коста, претседател на Европскиот совет /EPA-EFE/STRINGER

Проширувањето на ЕУ една од темите за кои ќе разговара претседателот на Европскиот совет со бугарските власти

Антонио Коста во тридневна посета на Бугарија, на која е предвидено со највисоките претставници на бугарските власти да разговара за клучните приоритети на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста од денеска до вторник ќе престојува во посета на Бугарија во чии рамки со највисоките претставници на бугарските власти ќе разговара за клучните приоритети на ЕУ, регионалната стабилност и важноста од координирана акција за справување со заедничките предизвици.

„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Бугарија за да разговарам за приоритетите на Европската Унија и да дознам повеќе за придонесите на земјата во нашите заеднички напори за поттикнување на иновациите и градење на позелен и попаметен континент. Со нетрпение очекувам да видам со свои очи како нашите заеднички политики се преточуваат во реални, најсовремени проекти кои им користат на животите на луѓето и го подобруваат нашиот заеднички просперитет, изјави Коста пред посетата.

Тој додаде дека одбраната и конкурентноста „одат рака под рака“ во напорите за зајакнувањето на европската економија, подобрувањето на безбедноста и зајакнувањето на територијалната кохезија.

„Силата на ЕУ лежи во единството. Само со здружување на нашите вештини и способности можеме да се справиме со нашите сегашни предизвици и да обликуваме одржлива, конкурентна и безбедна иднина за сите Европејци“, додаде Коста.

Како што соопшти Европскиот совет, предвидено е за време на престојот во Бугарија, Коста да се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерот Росен Жељазков. Со нив Коста ќе разговара за тековните и идните активности во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана, поддршката за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!