Просечно по 1.650 повици дневно на бројот 112

Околу 1.650 повици во просек дневно примаат диспечерите на новоотворениот број за итни повици 112. Покрај овој број сè уште функционираат постојните броеви 192, 193 и 194, на кои може да се побара итна медицинска, полициска или противпожарна помош. Планирано е овие броеви да бидат во функција уште една година, а во меѓувреме, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) под чија надлежност е Оперативниот центар на 112, граѓаните ќе треба да го научат новиот број за итни ситуации.

Од МВР, Итната медицинска помош и од скопската противпожарна единица за „Слободен печат“ велат дека нивните стари броеви се активни и многу граѓани вртат на тие броеви по навика за да пријавуваат проблем или за да побараат помош. Доколку поради презафатеност или друга причина, ниту еден диспечер не одговори за одредено време на повикот на 192, 193 или 194, повикот автоматски се префрла на 112 и се воспоставува контакт со повикувачот.

– На единствениот повикувачки број граѓаните добиваат услуга без разлика за каква опасност станува збор. Нашиот оператор во реално време веднаш ја гледа локацијата од која го добива повикот, без разлика дали се работи за фиксна или за мобилна телефонска линија. Со внесување на податоците во системот во компјутерот, со стискање едно копче истовремено овие информации одат на трите места – и во полиција, и во брза помош, и во противпожарна единица – со што на граѓаните им е олеснето барањето помош – вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Диспечерите од 112 за „Слободен печат“ велат дека најбројни се повиците за полиција и за Итна помош.

Изработил: Елисавета Бејкова

Покрај скопскиот Оперативен центар, постојат и центри во Тетово, Битола, Штип, Охрид, Струмица, Велес и Куманово. Компјутерската платформа што е во употреба има мултијазична поддршка за граѓаните што ќе се јавуваат, без разлика дали станува збор за македонскиот, албанскиот јазик, англискиот јазик и јазици што се најзборувани во ЕУ. Системот овозможува поддршка на разни групи граѓани со посебни потреби – слепи лица, лица што имаат проблеми со говорот или за неми лица и исто така ќе функционира со прием на повици преку СМС или прием на повици преку социјалните мрежи.

Проработи единствениот број за итни случаеви 112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот