Фото: Слободен печат

Просечната плата во Македонија во мај била 45.796 денари, некако пресметала државната статистика

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45.796 денари (околу 745 евра), што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23,9 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15,1 отсто и Образование за 14,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13,5 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 отсто и Рударство и вадење на камен за 5,1 отсто.

Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68.859 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот