Пропаднатите трансфери на Ливерпул, Роналдо извиси поради Ле Талек, Бејл поради пари, Кантона поради младоста…

Англискиот тим доколку подобро и побрзо реагираше во своите редови можеше да има играчи како Роналдо, Бејл, Ширер, Тери, Кантона, Агуеро, Алвеш,Шмајхел…

.Ливерпул со доаѓањето на Јирген Клоп на клупата, започна да бележи одлични резултати, минатата година стана европски шампион, а оваа се наоѓа пред освојување на титулата во Премиер лигата која ја чека 30 години.

Освен тоа со доаѓањето на Клоп драстично се промени и трансфер политиката на Ливерпул, кој сега купува само тоа што му е потребно и „проверено“ и поради тоа тимот од „Енфилд“ игра атрактивен фудбал, кој носи трофеи но и нови навивачи.

Но, трансфер политиката на Ливерпул не беше ваква во минатото, барем во последните 20-тина години кога премиерлигашот имаше премногу големи промашувања со трансферите поради кои е покус за грст трофеи.

Новинарот на сајтот „The Athletic“ Џејмс Пирс, кој работеше и за локалниот „Liverpool Echo“ направи список на пропаднатите трансфери на Ливерпул, кој доколку успеал да ги реализира тогаш со години би доминирал во Премиер лигата и во Европа.

Едно од најпознатите имиња кое Ливерпул имаше можност да го донесе е Герет Бејл, но не беше доволно упорен.

фото: твитер

За време на сезоната 2005/06 Ливерпул имаше свои скаути кои го следеа натпреварот помеѓу младинските екипи на Саутемптон и Шефилд јунајтед, со една цел, да се уверат дали Дејвид Мекголдрик, тогашниот играч на Саутемптон, но во нотесот запишаа друго име.

„Левиот бек беше неверојатен тој ден. Бевме повторно да го гледаме по што заклучивме дека Мекголдрик не е играч за Ливерпул, но дека има едно 16-годишно момче по име Герет Бејл кој треба да го ангажираме“, стои во записникот на скаутите за тој натпревар“.

Ливерпул направи одреден потег, предложи размена со која анонимниот Дарен Потер ќе оди во Саутемптон, а во спротивен правец ќе пристигне Герет Бејл, но „светците“ побараа и пари по што пропадна размената.

„Одговорот на Ливерпул на предлогот на Саутемптон беше „безобразни копилиња“. Потер веќе беше професионален фудбалер, а Бејл мораше уште да учи и да ја докажува вредноста“, била реакцијата на Ливерпул.

Најголемата утка во трансфер политиката на Ливерпул се случи 2003 година кога наместо на „Енфилд“, Кристијано Роналдо заврши на „Олд трафорд“. Неколку недели пред трансферот, тогашниот тренер на Ливерпул Жерар Улие добил повик од менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш да го гледаат во живо и дека нема да зажалат.

– Роналдо веднаш ни се допадна. Поранешниот играч на Манчестер сити, Тон Хенри, доби задолжение да го зголеми интересот за Роанлдо кај англиските екипи и поради тоа добивме повик да го следиме во живо. Ни беше кажано дека Спортинг Лисабон бара 4 милиони евра обесштетување и дека може да се плати во четири еднакви рати за што се согласивме. Но, кога дојдоа на ред разговорите за платата, Мендеш ни кажа дека бара милион фунти годишна плата и тоа без даноци. За нас таа сума беше преголема бидејќи Роналдо тохаш имаше само 18 години – се потсетува Фил Томпсон, тогашниот помошник на Улие.

Улие веруваше во младите француски играчи Флоран Синама Понгол и Антоан Ле Талек и сметаше дека доколку даде милионска плата на Роналдо, ќе се наруши атмосферата во соблекувалната.

– Се вратив во Ливерпул и ги пренесов информациите на тренерот, а Улие ми вети дека ќе разговара со извршниот директор Рик Пери. Но, по седум дена на Скај спортс видов информација дека Манчестер јунајтед за 12.2 милиони фунти го донесе Кристијано Роналдо. Не можев да верувам, а воедно и не ми беше јасно како обесштетувањето за само една недела се зголеми за три пати – додава Томпсон.

Томпсон исто така открива дека Ливерпул пропуштил да го ангажира и најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер. Во 2003 година кога Њукасл успадна од Партизан во квалификациите за Лигата на шампионите, Ширер бил бесен и побарал да биде продаден.

– Улие кажа дека може да го донесеме Ширер. Јас му возвратив дека тоа е невозможно и дека Ширер го користи нашиот интерес за да добие поголема плата во Њукасл. Ние го известивме Њукалс дека ќе започнеме преговори со Ширер доколку тие не се договорат. Во рок од 24 часа, Ширер потпиша нов побогат договор со Њукасл, а подоцна ни се правдаше дека не не искористил, но тоа беше една од ретките ситуации во кои бев во право –  се потсетува Томпсон.

Истото лето во 2003 година ќе испадне дека е фатално за Ливерпул и Жерар Улие бидејќи уште една голема ѕвезда нас Премиер лигата им „избега“ во последен момент. Станува збор за тогаш младиот стопер на Челси, Џон Тери.

– Челси во 2003 година се наоѓаше во финансиски проблеми, а Тери не потпиша нов договор. Улие ме праша за Џон и јас се согласив да тргнеме по него. Во последното коло од сезоната игравме токму против Челси и Улие по натпреварот го праша Џон дали би дошол на „Енфилд“, а одоговорот беше позитивен. Наредните денови директорот на скаутинг службата започна преговори со агентот на Тери, но во тие моменти се случи Роман Абрамович. Роман го купи клубот и прво што направи беа нови поповолни договори за Тери и Френк Лампард.

Во 2006 година тогашниот тренер Рафаел Бенитез ги договори сите детали за осум милиони фунти вреден трансфер на Дани Алвеш од Севиља. Работата ја упропасти Управниот одбор кој не ја одобри трансакцијата правдајќи се дека нема доволно пари за двајца фудбалери и Бенитез да избира помеѓу нов десен бек или нов напаѓач.

twitter.com/Vitorbarreto_10

Бенитез се одлучи за напаѓач и го купи Дирк Кујт, додека Алвеш две години подоцна премина во Барселона и ги освои сите можни трофеи.

Една година порано, Ливерпул прави катастрофална грешка и со сега најдобриот стрелец во Премиер лигата кој е странец, Серхио Агуеро.
– Го следевме извесен период и Агуеро имаше буквално се. Се зборуваше дека ќе биде новиот аргентински дијамант. Неговите движења, контакти со топката и реализацијата му беа неверојатни – се зборовите во извештајот на еден од членовите на стручниот штаб на Бенитез.

twitter.com/brfootball

Ливерпул не сакаше на Индепендиенте да му плати 16 милиони фунти бидејќи таа сума беше предвидена за целиот преоден рок. На крајот, Агуеро се пресели во Атлетико Мадрид за 21.7 милиони евра.

Интересно е што три легенди на Манчестер јунајтед имале можност да заиграат во Ливерпул, Ерик Кантона, Петер Шмајхел и Теди Шерингем.

На почетокот од 1990-тите години, тогашниот тренер на Ливерпул, Греем Сунес ги одбил препораките на Мишел Платини и своите скаути за Кантона и Шмајхел со образложение дека сè уште се млади, додека приказната со Шерингем е обратна.

Управниот одбор на Ливерпул, кој во тие времиња одлучуваше за сите трансфери, одби да го купи Шерингем кој во тоа време имаше 30 години со образложение дека е премногу стар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!