Полиција/ фото: МВР

Пронајдено телото на 84-годишен жител од кочанско по кој се трагаше четири дена

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по којшто се трагаше четири дена.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приваено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се одалечил на 14 септември.

По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредната на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот