Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена

Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот