стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од Кумановско

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на 64-годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

– На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом – информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството,  телото го пронашло во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Китановска била пријавена за исчезната на 27 декември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот