Фото: Принтскрин/ Твитер

Пронајдени се фосили на летечки рептил стар 200 милиони години

Фосили од летечки рептил, стари 200 милиони години, се пронајдени во ридовите Мендип во Сомерсет, Англија.

Станува збор за животни кои наликувале на гуштери и биле толку мали што се вклопуваат во вашата дланка, но кои се сметаат за блиски предци на крокодилите и диносаурусите, пишува „Саенс дејли“ (Sciencedaily).

Еден магистерски студент на Универзитетот во Бристол, Мајк, го пронашол фосилот во каменолом за варовник во југозападна Англија. Постоењето на овие видови во варовник покажува дека тие паднале или дека нивните коски со текот на времето завршиле во пештери и пукнатини.

“Сите животни беа мали. Се надевав дека ќе најдам коски од диносаурус или нивни заби, но најдов сѐ освен тоа”, рекол Мајк.

Студијата детално го опишува откривањето на два вида Кунеосауруси, еден со голем и еден со мал распон на крилјата, кои се состоеле од кожа испружена преку зголемени странични ребра. Оваа извонредна адаптација им овозможила слободно да се движат од дрво на дрво, слично на постоечкиот летечки гуштер Драко, кој живее во Југоисточна Азија.

Овие мали влекачи, кои најверојатно се хранеле со инсекти на дрвјата и на земјата, можеле да полетаат кога се исплашени или кога бараат плен, а потоа да слетаат на 10 метри.

Додека истражувал фосили, Мајк наишол на необични влекачи во карпите на каменолом за варовник. Оваа област порано беше најголемиот суптропски остров во тоа време познат како островот Медип Палео. Порано имал површина од 30 километри и нуди увид во богатството на мали влекачи кои живееле за време на доцниот тријас.

Фосилите му припаѓале на Trilophosaurus Variodens, кој имал специфична структура на забите, како и на водниот Pachystropheus, кој веројатно имал живот сличен на оној на денешната видра и се хранел со ракови и мали риби.

„Беше тешко да се идентификуваат фосилните коски, од кои повеќето беа одвоени и не беа во скелетот. Сепак, има многу компаративен материјал, а Мајк можеше да ги спореди изолираните вилици и другите коски со поцелосни примероци од други локации околу Бристол“, рекол професорот Мајк Бентон.

И покрај недостатокот на коски од диносауруси во оваа колекција, експертите веруваат дека тие сè уште може да се најдат во други области со споредлива геолошка старост околу Бристол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот