Фото: Фејсбук

Пронајдена Македонката која „исчезна“ во Грција, се качила во погрешен автобус

Македонската државјанка за која семеjството објави дека исчезнала во Грција е пронајдена. Семејството на социјалните мрежи објави дека 68-годишната жена на деветти овој месец тргнала кон Македонија, но дека не стигнала и побараа помош за да ја пронајдат.

Според објавата на фејсбук од нејзините блиски таа со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод.

Тие на социјалните мрежи побараа помош од сите што може да помогнат во нејзино пронаоѓање. Семејството потоа добило информација од Македонци кои биле во Грција дека таа е во автобус и од Солун патува за Македонија и дека добро.

Последната информација кое семејството ја добило од македонската полиција е дека жената штотуку влегла во Македонија на граничниот премин и брзо ќе контактира со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот