Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени три лица

Три лица биле лишени од слобода, откако била пронајдена дрога при претреси во Струмица и Гевгелија, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Д., на возраст од 36 години, од село Банско.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени биле повеќе пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По дополнително преземени мерки и извршен службен разговор со Г.Д., констатирано било дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К., на возраст од 20 години од село Банско, кој потоа, исто така, бил лишен од слобода, појаснуваат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица – Струмица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Гевгелија бил лишен од слобода и Б.Т., 20-годишник од овој град.

– При преглед на патничко возило „мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, што е пронајдена и одземена. После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, додаваат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија, а по документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот