Промовиран ХЕПА прирачник за деца со попреченост заснован на гимнастика после ковид-19

Прирачник за гимнастика за деца со попреченост/Фото: Параолимпсики комитет

Гимнастиката, како спорт, го стимулира мозокот, ги поттикнува социјалните вештини и ja зајакнува грубaтa и фината моторика. Овие вежби не се корисни само за физичкиот развој на детето, туку помагаат и во зајакнувањето на нивните когнитивни и социјални способности. Тие им дозволуваат на децата да учат со сопствено темпо, да слушаат, да ги следат упатствата, да се менуваат и да комуницираат со другите, што доведува до нивен сеопфатен развој.

Токму затоа европската мрежа за унапредување на физичкото здравје ХЕПА (Health and Energy Platform of Action) промовираше прирачник кој може да им послужи како алатка на воспитувачите, родителите, терапевтите и сите кои се вклучени во грижата за развојот на децата со пречки во развојот. Наведените активности засновани на гимнастика се дизајнирани да бидат прилагодливи, инклузивни и пријатни, а сето тоа промовирајќи го физичкото здравје и целокупната благосостојба.

Прирачникот содржи корисни и употребливи информации за дефиницијата на физичките активности и физичката вежба, тешкотиите во развојот, улогата на вежбите базирани на гимнастика за подобрување на состојбата кај децата со пречки во развојот, прилагодување на физичките активности за децата со пречки во развојот, адаптација на физичките активности за деца со најразличен вид и степен на попреченост (со оштетен вид, оштетен слух, телесна попреченост, интелектуална попреченост, разни спектри на аутизам, како и информации во однос на физичките активности и вежби во услови после пандемијата со Ковид-19.

Авторите на Прирачникот, разбирајќи ја критичната улога на физичката активност во целокупното здравје и благосостојба, истакнуваат дека овој прирачник претставува сеопфатен водич за промовирање на физичката кондиција кај децата со пречки во развојот преку вежби засновани на гимнастика.

ХЕПА прирачник за деца со попречености базиран на гимнастика после ковид-19

ХЕПА како една од седумте Европски комисии во служба на здравјете служи за промовирање на здравјето и благосостојбата на европските граѓани преку олеснување на развојот на националните политики за физичка активност. Од 1996 година е под покровителство на Програмата на Европската комисија за промоција на здравјето. Упатствата во Прирачникот се дизајнирани за да им помогнат во физичката активност за подобрување на здравјето на децата со попреченост врз основа на гимнастички вежби.

Гиманстика за деца со попречености/Фото: Параолимписки комитет

Параолимпискиот комитет на Северна Македонија откако ќе ја добие конечната верзија, ќе го прикачи Прирачникот на својата веб страница и ќе го дистрибуира до повеќе спортски федерации и гимнастички клубови со цел да го промовира значењето на физичката активност во подобрувањето на здравтвената, менталната и социјалната компонента кај децата со попреченост, со надеж дека истиот ќе најде своја практична примена во гимнастичките сали.

Овој проект на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија е кофинансиран од програмата на Ерасмус+ Програмата на Европската Унија, наречен GYM4ALL: Gymnastics for children with disabilities. Носител на проектот е Гимнастичкиот клуб од Книн, Хрватска, а покрај македонскиот Параолимпсики комитет, партнери во проектот се и спортските друштва Каритас и Бартоломеј од Хрватска, како и СД Партизан од Севница, Словенија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот