Промени во грчките учебници: ПЈРМ се заменува со Северна Македонија

Со одлука потпишана од заменик- министерката за образование на Грција Софиа Захараки, во грчките учебници за основно училиште треба да се направат корекции и терминот „ПЈРМ” да се замени со „Северна Македонија” , јави дописничката на МИА од Атина.

Во циркуларното писмо од 16 декември 2020 година, кое го објавија грчките медиуми, а го пренесува МИА, пишува дека врз основа на соодветните одредби, „одлучено е да се коригира терминот „ПЈРМ” во печатените и дигиталните изданија на учебниците за основно образование, согласно приложениот документ на Министерството за надворешни работи под бр.9382 / 15-2-2019  на тема: „Односите меѓу Грција и Република Северна Македонија-спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја “.

Корекциите треба да се направат во седум учебници, меѓу кои и учебниците по географија, по англиски и германски јазик, а одлуката е испратена до издавачките куќи надлежни за издавање на конкретните учебници.

На 16 декември 2020 година, како што вчера соопштија од македонското и грчкото МНР, се одржа и Шестиот состанок на Заедничкиот  интередисциплинарен комитет (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

-Расправата се водеше во пријателска и позитивна атмосфера. Двете делегации извршија детална размена на мислења за програмите во образовните системи на двете земји, а во согласност со член 8 став 5 од Договорот од Преспа. Двете страни се согласија нивниот следен состанок да го одржат во февруари 2021 година, пишува во заедничкото соопштение од двете Министерства за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот