Фото: Инстаграм

Пролетен дрес код: Тантела која плени на прв поглед

Меѓу трендовите кои веќе ја освоија високата мода поваа пролет е дефинитивно облеката од тантела која се издвојува како апсолутен фаворит.

Нежна, романтична и разновидна, таа се адаптира на секој стил и прилика.

Оваа сезона, чипката исто така доминираше на модните ревии, особено во колекциите на дизајнери како „Клои“, „Валентино“, „Миу Миу“.

Исто така, проѕирните материјали и тантелата беа истакнати на последните модни недели, а дизајнерите како Лоу и Викторија Бекам вградија нежни детали од тантела во нивните колекции, што дополнително ја потврдува популарноста на овој материјал во 2025 година.

Фустаните, блузите и здолништата од тантела оваа сезона доаѓаат во различни варијации, од суптилни детали на ракавите и јаките до целосни модели од тантела кои зрачат со винтиџ шарм.

Миди фустаните во пастелни тонови и класичното бело се совршен избор за пролетни излегувања, додека блузите со нежен вез и лелеави ракави носат софистицираност што ќе сакате да ја носите и на работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот