Професор доктор за искачување врвови над 8.000 метри: Гашербрум 2 (8.035 м) е 11-от врвен дострел на д-р Сашко Кедев на Хималаите

Познатиот кардиолог Доктор Сашко Кедев се искачи на врвот Г2 (Гашербрум 2), во Пакистан, висок 8.035 метри, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

 

„За првпат во историјата македонско знаме на G2 (Gasherbrum II), Пакистан, 8.035 м. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот“, соопшти Федерацијата.

Ова е 11-от врв на Хималаите од вкупно 14 што се високи над 8.000 метри кој влегува во „портфолиото“ на д-р Кедев.

„Честитки за искачувањето на единасеттиот од вкупно четиринаесет врвови над 8000 мнв. Да се множат осумилјадарките“, е честитката на ФПСМ, објавена на Фејсбук.

Покрај Г2, д-р Кедев досега се искачи на Макалу (8.485 м) тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик или Широк Врв (8.051), К2 (8.611), Даулагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

За да се комплетира „мисијата“ 14 врвови, преостануваат уште Гашербрум 1 (8.068),  Канченџунга (8.586) и Сишапангма (8.027).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот