Продолжуваат преговорите со просветарите во Хрватска

Претставниците на синдикатите на хрватските просветни работници разговараа синоќа со владини претставници за барањата на вработените во образованието, но преговорите завршија без договор. Се очекува тие да продолжат денеска.

– Договор е да не изнесуваме  дали сме задоволни од разговорот, но позитивно е што ние ги продолжуваме преговорите, изјави претседателот на Сојузот на хрватските синдикати, Вилим Рибич, пренесува Хина.

Индекс.хр објави дека претставниците на синдикатот накусо ја напуштиле средбата заради меѓусебни консултации, а потоа неофицијално се дознало дека не им било понудено ништо ново и дека во ниту еден момент не разговарале за синдикалното барање за зголемување на коефициентите од 6,11 проценти..

Средбата во Владата следуваше по големиот протест на централниот плоштад во Загреб, а во разговорите учествуваат и Синдикатот на наука и високо образование, покрај училишните синдикати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот