Судење за Онкологија случај Нино Васев - Фото Слободен пецат - Методи Здравев
Судење за Онкологија случај Нино Васев - Фото Слободен пецат - Методи Здравев

Продолжува судењето за „Онкологија“ против поранешниот директор Васев и тројца лекари

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Онкологија“ против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти.

Постапката се води без второобвинетата Мери Пешевска, која на претходното рочиште призна вина и за која судењето е издвоено и ќе продолжи на 17 септември. Васев и обвинетите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски негираа вина.

Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“

Според обвинението, лекарите се товарат за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“ со неподобни терапии кај 29 пациенти, при што биле направени сериозни отстапувања од медицинските стандарди.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска најави дека ќе докаже оти Васев систематски постапувал спротивно на онколошките протоколи, додека неговата одбрана тврди дека станува збор за заговор и најави побивање на доказите со експертски мислења од странство.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката се води уште една постапка за злоупотреба на службена положба и проневера со штета од над 2,2 милијарди денари.

Васев свесно ги прекршувал меѓународните медицински стандарди и пациентите добивале штетни терапии, тврди Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот