Продолжен терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги за пензионерите во Центар

На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Стоматолошкиот факултет при УКИМ. Пензионерите ќе може да закажуваат термини за бесплатни стоматолошки прегледи на телефонскиот број 071/223 320 секој работен ден од 8 до 14 часот.

Бесплатните стоматолошки услуги кои ги воведовме неодамна наидоа на голем интерес кај пензионерите. Верувам дека оваа услуга има голем бенефит кај нашите повозрасни сограѓани како од здравствен така и од финансиски аспект. Во ек на економска криза и ниски пензии бесплатните стоматолошки прегледи се од големо значење затоа што овозможуваат интервенции без да ги наплатат стоматолошките услуги и користени материјали. Затоа ги повикувам заинтересираните да се јават на телефонскиот број и да го закажат својот термин за преглед – вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Општината освен за пензионерите, воведе и бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а дополнително овие услуги ги користат и учениците од социјално загрозени семејства од сите основни училишта во Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот