Проблеми во ПСЖ, управата му порача на Мбапе да молчи и да не се меша во трансферите

Леонардо нервозно реагираше на барањето на својот напаѓач.

Францускиот шампион и европски вицешампион, ПСЖ, сè уште е тивок на трансфер пазарот и тоа поради финансискиот фер-плеј. Досега ПСЖ реализира само еден трансфер, за 50 милиони евра го откупи договорот на Мауро Икарди, додека екипата ја напуштија Тијаго Силва, Томас Мение и Единсон Кавани. Сите тројца фудбалери добија дозвола да си заминат бидејќи управата не им понуди нови договори.

Поради неактивноста на трансфер пазарот, француските медиуми објави дека младата ѕвезда на екипата, Килијан Мбапе, побарал од управата експресно да реагира и да донесе нови играчи на местото на тие што си заминаа.

Спортскиот директор Леонардо, експресно му одговорил на Мбапе дека тоа не е негова работа, да молчи бидејќи ПСЖ има финансиски ограничувања, односно мора да продава па потоа да купи нови играчи доколку не сакаат да имаат проблеми со финансискиот фер-плеј.

Според весникот „Паризиен“, нервозната реакција на Леонардо е бидејќи тој не сака играчите да зборуваат во јавноста за клупската политика, односно да не зборуваат за тоа што не е нивна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот