Фото: Икс/Владо Георгиев

Приведен Владо Георгиев: Пејачот се огласи и објасни зошто бил уапсен

Познатиот пејач Владо Георгиев бил приведен од полицијата во Плевља, но верзиите за причината се разликуваат. Според црногорскиот медиум „Вијести“, полицијата го привела пејачот на отрезнување во Центарот за безбедност во Плевља, поради возење под дејство на алкохол со концентрација над дозволената граница.

Полицијата го запрела неговото возило вечерва на регионалниот пат Плевља–Ранче, но Георгиев тврди дека не бил пијан, туку дека бил приведен поради пребрзо возење.

„Вистина е дека бев приведен, но причината не е возење во алкохолизирана состојба, туку пречекорување на брзината“, изјавил Георгиев за српскиот „Курир“.

По инцидентот, пејачот се огласи и на социјалната мрежа Икс, каде саркастично прокоментира: „Отсега, каде што е ограничување 40 километри на час, ќе возам 38 километри на час…“.

Потоа објави фотографија од местото каде што се наоѓал, додавајќи: „Само да ви се јавам од Жабљак. Баш некој ќе ме пуштеше од Пљевља ако не беше само пречекорување на брзината. А овие лажговци… поздрав!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот