ФОТО: МИА

Приведен радовишанец кој силувал 77-годишна жена

Полицијата уапси маж од Радовишко кој извршил обљуба врз 77-годишна жена.

– На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, Радовишко, поради сомнение дека нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од Радовишко. Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот