ФОТО: МИА

Полицаец од Гостивар украл злато и пари запленети при претреси

Приведен полицаец од Гостивар кој украл пари и злато запленети при извршени претреси, а кои требало да ги чува во шкаф во полициската станица. Приведен е и златар поради помагање.

„На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра.

Увид во објектот на Полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар. Исто така, во 20.30 часот на улица ,,18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш.(32) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит, соопшти МВР.

По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на двајцата приведени, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот