Приведен кичевец, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана

ФОТО: МИА

Во Кичево полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера го лишиле од слобода дваесет и осумгодишниот Л.Ј. од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот