Полиција / Фото: МВР

Приведен 21-годишник за кражба на коли во Струмица

Приведен 21-годишник од радовишкото село Злеово за повеќе кражби на коли на подрачјето на Струмица.

„На службен разговор во полиција со А.А., кој претходно бил приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во село Злеово, тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“, а извршил и две кривични дела „одземање на моторно возило“ на подрачје на Струмица“, соопшти МВР.

Од него се одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот