Приватното вселенско летало Blue Ghost слета на површината на Месечината/Фото: Икс

Приватното вселенско летало слета на површината на Месечината

Приватно вселенско летало слета на Месечината во неделата како второ летало од овој тип што стигна до површината на Месечината.

Леталото Блу Гоуст (Blue Ghost) ја напушти Земјата на 15 јануари, откако беше лансиран од американската компанија Фајрфлај Аероспејс со цел да го истражи Морето на кризите, огромен кратер видлив од Земјата.

Проектот е најновата соработка меѓу НАСА и приватни компании.

Друга компанија „Интуитив Машинс“, планира да го приземји својот вселенски брод „Атина“ во близина на јужниот пол на Месечината во наредните денови. Тоа беше првата приватна компанија која постигна слетување на Месечината.

Нејзиното вселенско летало „Одисеј“ пристигна на Месечината на 22 февруари 2024 година, меѓутоа, мисијата беше краткотрајна, бидејќи леталото слета на страната на кратер, скрши некои компоненти и се преврте.

Но, „Синиот дух“ непречено слета, откако беше во орбитата околу Месечината во последните две недели.

Вработените во штабот на Firefly во Тексас со овации и аплаузи го поздравија успешното слетување на леталото, пишува BBC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот