
Притворениот српски студент Богдан Јовичиќ е во болница по 11 дена штрајк со глад
Притворениот студент од Србија, Богдан Јовичиќ, се наоѓа во Специјалната затворска болница и го прекинал штрајкот со глад, соопштија српските власти, според „Нова.рс“.
Препорачано
„Управата за извршување на кривични санкции објавува дека притвореното лице Б.Ј. денес го прекина штрајкот со глад во Специјалната затворска болница во Белград и дека е во добра општа состојба“, беше објавено.
Како што се наведува, сите медицински протоколи што се воведуваат кај луѓето кои подолг период не внесуваат храна, биле применети во случајот на Б.Ј. во оваа здравствена установа, каде што тој бил под постојан лекарски надзор.
Јовичиќ бил примен во затворската болница попладнето на 17 септември, откако пет дена претходно одлучи да штрајкува со глад во притворската единица на Окружниот затвор во Нови Сад, поради, како што навел во писмена изјава, незадоволство од работата на судот.
„Од тој момент, сите негови витални параметри биле следени од лекарите на Службата за здравствена заштита на Окружниот затвор во Нови Сад“, велат од Управата.
Студентот предизвика внимание во јавноста кога минатата недела беше спроведен на погребот на неговиот татко со лисици на нозете, што предизвика бура од реакции во регионот и изрази на поддршка за Јовичиќ. Во повеќе српски градови беа организирани масовни протести со кои се бараше ослободување на студентот, кој е обвинет за демолирањето на просториите на владејачката партија СНС на претседателот Александар Вучиќ, за време на протест.
Уапсениот студент Богдан донесен на погребот на својот татко со лисици на нозете
Во меѓувреме, петицијата за ослободување на Богдан Јовичиќ, студент на Факултетот за технички науки, досега ја потпишале 64.000 граѓани, а за утре е закажан уште еден голем протест пред Окружниот затвор во Белград, со почеток во 19:00 часот.
Српскиот суд ја отфрли жалбата, студентот Богдан Јовичиќ останува во притвор