Фото: John Chapple _ Shutterstock Editorial / Profimedia / Profimeida / Instagram

Принова во кралското семејство! Принцезата Беатрис стана мајка по вторпат, познато е името на бебето

Пристигна принова во британското кралско семејство. Постарата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон, принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци станаа родители по вторпат.

Принцезата на свет ја донесе нивната втора ќерка која ја крстија Атина Елизабет Роуз.

„Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едоардо Мапели Моци со задоволство го објавуваат раѓањето на нивната ќерка Атина Елизабет Роуз Мапели Моци, родена во среда, 22 јануари, во 12:57 часот“, се вели во соопштението на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Девојчето е родено со нешто повеќе од 2 килограми.

„Кралот и кралицата и другите членови на кралското семејство се информирани и се воодушевени од веста. Принцезата Беатрис и г-дин Мапели Моци би сакале да му се заблагодарат на болничкиот персонал за нивната прекрасна грижа. Нејзиното кралско височество и нејзината ќерка се здрави и добро се, а семејството сега ќе ужива со Атина и нејзиниот постар брат и сестра, Волфи и Сиена“, се додава во соопштението.

Инаку, внуката на покојната кралица Елизабета Втора пред три години ја роди ќерката Сиена Елизабет Мапели Моци. Беатрис и Едоардо се венчаа во јули 2020 година, а Мапели Моци го има синот Волфи од претходната врска.

Поранешното момче на британската принцеза пронајдено мртво во Мајами: Toa на крајот го чинеше живот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот