
Принцот од Врање обвинет за педофилија: Српскиот евровизиски претставник пријавил во полиција
Српскиот пејач Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот од Врање, со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија што ќе се одржи во мај во Базел, Швајцарија.
Препорачано
Од неговата победа на српскиот натпревар „Песма за Евровизија“, за Принцот од Врање почнаа да кружат разни пикантерии, некои вистинити, некои измислени. Така, на социјалната мрежа Икс се појавија шокантни пораки за кои тврдат дека Принцот од Врање наводно ги праќал на девојчиња, пишува српски „Телеграф“.
„Колку години имаш?“
„17“
„Аууу”
„Знам“
„На која возраст си?“
„06“
„Лелеее“
Откако победи на Евровизија, на интернет почнаа да кружат негативни коментари за него, а сега сè отиде многу далеку. Имено, Стефан го обвинија за наводна педофилија, на што веднаш реагирал и сè пријавил во полиција.
Пејачот рекол дека се работи за местенка и дека разбира дека на некои не им се допаѓа тоа што ќе ја застапува Србија на Евровизија, но дека сето тоа отишло предалеку.
– Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа да ја претставувам Србија на Евровизија, но не прифаќам ваков вид на сајбер криминал. Случајот е пријавен во Одделението за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето на ваквите работи – рекол Принцот од Врање за српски „Телеграф“.