Фото: Фејсбук

Прилепскиот градоначалник Јовчески не се појавил на настан со Ковачевски, за СДСМ тоа е срамно и скандалозно

Социјалдемократскиот сојуз реагира на денешното непојавување на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на настан на кој присуствувал премиерот Димитар Ковачевски, оценувајќи го потегот на прилепскиот градски татко како „срамен и скандалозен“.

Еве го во целост соопштението од СДСМ:

„Срамно и скандалозно е однесувањето на Борче Јовчески градоначалникот на општина Прилеп. Иако уредно поканет Јовчески не се појавил на денешниот настан со премиерот Димитар Ковачевски. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го осуди ваквиот потег, дополнително лаже дека наводно не бил поканет. Тоа што не се појави на промоција на капитална инвестиција за Прилеп, доволно кажува за лажната грижа на градоначалникот Јовчески за Прилеп и прилепчани.

Освен што не работат ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат настани на Владата и сето тоа на штета на своите општини и своите сограѓани.
Секојдневно се потврдува дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување“, велат од владејачката партија.

ПРЕТХОДНО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот