Пријава за незаконит лов во делчевско, човекот велел дека пушката му е за да убива диви свињи

Вчера во 22 часот по пријава од концесионер на ловиште за можно вршење на кривично дело – „незаконит лов“ во атар на Маала Пасјак-село Нов Истевник, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Делчево, било излезено на местото на настанот при што веднаш до патот кој води кон Маала Пасјак, биле затекнат А.Д. концесионер на ловиште, како и Д.Ѓ.(41), В.Б.(62) и А.А.(52).

По извршен разговор било утврдено дека Д.Ѓ. носел пушка, а, според неговиот исказ, со намера да си го заштити насадот со пченка кој се наоѓал во близина на Маала Пасјак, на кој дивите свињи му правеле штета. По насоки на јавен обвинител, ловната пушка е одземена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот