При крај бербата на грозје во Тиквешко, лозарите задоволни од субвенциите

 Привршува бербата на грозје во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион, претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев попладнево изрази задоволство што, како што нагласи, државата годинава помогна со дополнителни субвенции и се надминаа проблемите околу откупот на вишокот грозје.

-Во услови на пандемија од вирусот Ковид-19 и штети од климатските промени врз квалитетот на грозјето, задоволен сум што издејствувавме дополнителни државни мерки со кои се постигнаа повисоки цени од тие што првично ги нудеа винариите, но и откуп на грозјето со полош квалитет за преработка во дестилат, рече Кулев.

Тој изрази благодарност до Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, затоа што, како што додаде, во рамките на своите можности, ја ублажија катастрофалната година за лозарството. Се заблагодари и на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и одделни винарии кои исто така помогнале при откупот на годинешниот род на лозјата.

-Останува во наредниот период, многу понавремено да седнеме заедно претставниците на лозарите и винарите и да донесеме една стратегија за понатамошна соработка во интерес на сите. Очекувам уште при крајот на годината да почнат преговорите и да се изнајде решение за наредната реколта, дециден беше Кулев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот