Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Претстојното затемнување на Сонцето може да биде опасно: Експертите издадоа безбедносно предупредување

Дури и луѓето кои не ги интересира науката и астрономијата знаат дека можноста да се види затемнување на Сонцето е посебен настан. И покрај тоа што е релативно ретка појава сама по себе, гледачите исто така мора да бидат на вистинското место во вистинско време за да го добијат целосниот ефект. 

Но, за разлика од традиционалното гледање на ѕвездите или Месечината, гледањето на затемнувањето на Сонцето вклучува некои потенцијално сериозни здравствени ризици доколку луѓето не се внимателни, пишува „Бест лајф“ (Best Life).  

Сега, експертите издадоа безбедносно предупредување пред затемнувањето на Сонцето, наречено „Огнен прстен“, што ќе се случи за неколку недели.

Прстенестото затемнување на Сонцето ќе создаде „огнен прстен“ на небото над делови од САД на 14 октомври.

Фото: Khalis Surry / AFP / Profimedia

Дури и по возбудливото лето со незаборавни метеорски дождови и комета која прелетува еднаш во животот, има повеќе астрономски настани што треба да ги очекуваме на хоризонтот. Веројатно, најочекуваното е прстенесто затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо низ делови од САД на 14 октомври, според НАСА.

Додека многу луѓе се запознаени со идејата за целосно затемнување на Сонцето во кое Месечината целосно го блокира сонцето додека минува помеѓу него и Земјата, прстенестото затемнување создава малку поинакво искуство на гледање. Бидејќи се појавува во точката кога Месечината е најоддалечена од нашата планета во нејзината орбита, таа само делумно го покрива брилијантниот запален диск на Сонцето и создава блескав „огнен прстен“ на небото додека сончевата светлина продира околу рабовите, објаснува НАСА.

Експертите предупредуваат дека се продаваат лажни и неодобрени сончеви очила за гледање.

Се разбира, гледањето на секаков вид сончеви настани бара дополнително ниво на подготовка со добивање на правилен тип на очила. Сончевите очила за гледање се неопходни за да ги заштитат вашите очи од моќните зраци на сонцето – особено за време на прстенесто затемнување.

Пред да излезете надвор и да погледнете нагоре, експертите предупредуваат дека треба да проверите дали сте навистина заштитени.

„Треба да имате ИСО (ISO)-сертифицирани очила за затемнување“, изјави Торвалд Хесел , експерт за затемнување на Сонцето, за локалната Остин, Тексас. „За жал, има многу фалсификати на вакви очила на пазарот, ако гледате со нив во сонцето, ќе ги оштетите вашите очи, а ако доволно долго гледате во сонцето, таа штета ќе биде трајна“, објаснува Хесел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот