Претставата Тоби на Театарот за деца и младинци се врати со награда од Бугојно

Во периодот помеѓу 11 – 14 септември , Н.У. Театар за деца и младинци учествуваше на X Бугојнско куклено бионале во Бугојно, со претставата ,, ТОБИ “ , во режија на Драгослав Тодоровиќ.
Нашата претстава ТОБИ се врати со награда за НАЈДОБРА АНИМАЦИЈА НА КУКЛИ, од 10. Бугојанско куклено биенале во БиХ. Жири комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.
За потсетување претставата „ТОБИ“ на минатогодишното издание на фестивалот „7-ми меѓународен фестивал за кукларство“ во Подгорица освои пет награди и тоа, ГРАН ПРИ за најдобра претстава, Награда за НАЈДОБРА РЕЖИЈА, за Драгослав Тодоровиќ, Награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, Награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли, за Ирина Сомборац , Награда за најдобра претстава од ДЕТСКОТО ЖИРИ НА ФЕСТИВАЛОТ.
Тоби посетители ќе имаат прилика да ја гледаат на редовен репертоар на Театарот за деца и младинци на 21 септември од 19:00 часот.