фото Архива

Претседателот Пендаровски не гледа потреба од промена на Уставот

Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот. На прашањето на Слободен печат кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во преамбулата на Уставот, од неговиот кабинет одговорија:

– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека иако никој не побарал, тој предлага Бугарите ако треба да се стават во преамбулата на Уставот за полесно да се организираат и да ги остварат своите индивидуални и колективни права и за да не може некој да прави кампања дека државата прави репресија на кој било граѓанин заради етничката припадност.

Од Владата сѐ уште не го кажале својот став во врска со предлогот на министерот за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот