Претседателот на ССМ прецизен: Функционерските плати од први јуни пораснале за 13,8 отсто!

Споделувајќи ја на Фејсбук најново објавената одлука во Службен весник, со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8 проценти, Трендафилов пресмета дека на овој начин коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година

Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6 проценти согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8 проценти на платата на функционерите, веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува (друго образложение нема), порача Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Споделувајќи ја на Фејсбук најново објавената одлука во Службен весник, со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8 проценти, тој пресмета дека на овој начин коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година.

-Ако се има предвид дека основица за пресметка на плата на избрани и именувани е просечната плата за претходната година, тогаш моите скромни познавања од математика велат дека: 41.239 ден. x 2,24 = 92.375 денари, а 41.239 денари х 2,55 = 105.159 денари. Тоа значи дека избраните владини функционери ќе добијат разлика од 12.784 денари со зголемувањето на платата од 1 јуни 2025 година, или раст од 13,8 проценти – напиша Трендафилов.

Претседателот на ССМ констатира дека секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот