
Претседателот на Салвадор сам се нарече диктатор
Претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле, ја додаде титулата „диктатор“ во својата биографија на Твитер, со цел да ги исмее неговите политички противници кои го обвинуваат за искористување на моќта, пренесува АП.
Препорачано
Откако почнаа да кружат гласини на социјалните мрежи за можен хакерски напад на Твитер профилот на Букеле, претседателството на Ел Салвадор изјави дека младиот шеф на државата самиот го напишал описот.

40 -годишниот Букеле, кој е на власт од 2019-та година, ужива голема популарност откако ги победи традиционалните партии што владееја со земјата 30 години.
Сепак, неговите авторитарни склоности предизвикаа големи критики од противниците и меѓународната заедница.
Инаку, Букеле на Твитер се дефинираше како „Божји инструмент за историјата“ во Ел Салвадор.
„Тука нема диктатура, има демократија која слободно се изразува во гласачките кутии“, рече неодамна претседателот по повод 200 -годишнината од независноста на таа централноамериканска земја.
Букеле алудираше на неговата победа на претседателските избори во 2019-та година и на победата на неговата партија и сојузниците, кои освоија огромно мнозинство на парламентарните избори во 2021 година.