Фото: Никушор Дан – EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Претседателот на Романија: Путин го разбира само јазикот на силата, Букурешт ги поддржува новите санкции против Русија

Романија го поддржува усвојувањето на дополнителни санкции против Русија, напиша претседателот на Романија, Никушор Дан, на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека состанокот во четвртокот на „Коалицијата на волните“ бил добар и суштински.

„Ги пофалувам напорниот труд и постигнатиот напредок во обезбедувањето цврсти безбедносни гаранции за Украина. Трансатлантското единство и координација ја претставуваат нашата сила пред Русија. Го поздравуваме учеството на претставниците на САД на нашиот состанок. Вклученоста на САД останува клучна во сите аспекти на нашите заеднички напори за постигнување примирје и траен мир во Украина. Мора да продолжиме со притисокот врз Русија бидејќи таа постојано покажува дека не сака мир. За жал, таа го разбира само јазикот на силата и мора да делуваме соодветно. Романија го поддржува усвојувањето дополнителни санкции.“, напиша Дан.

Зеленски: Територијалните отстапки би биле појдовна точка на Путин за понатамошни офанзиви

Силната безбедност за Украина и понатамошното консолидирање на позицијата на НАТО на источниот фронт и на Црното Море, додава тој, одат рака под рака.

„Континуираната поддршка за Република Молдавија и на нејзиниот демократски и европски пат е еднакво важна за севкупната безбедност и стабилност на нашиот регион“, посочи романскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!