Мегазатвор Ел Салвадор / Фото Press Secretary Of The Presidenc / AFP / Profimedia

Претседателот на Ел Салвадор за наводите дека затворениците имаат лоши услови во мегазатворот: Да не сакате смокинг?

На социјалните мрежи се појавуваат фотографии и снимки од последната серија префрлања во големиот мегазатвор во Ел Салвадор. Во последните 24 часа се префрлени уште 2.000 затвореници во најголемиот затвор во Америка, како дел од војната што претседателот на државата ја објави против криминалот и бандите, што потоа предизвика силни критики.

Претседателот Нагиб Букеле, кој самиот гордо ја сподели снимката од Центарот за ограничување на тероризмот (Centro de Confinamiento del Terrorismo, CECOT) во Теколука – 74 километри југоисточно од главниот град Сан Салвадор – одговори со ироничен тон на извештаите во кои се коментира голотијата и третманот на младите затвореници од контроверзниот затвор.

„Голотија? Злобните диктатори се жалат дека не им биле ставени смокинг на затворениците? Боси? Моментално земаме пари од фондот на детската болница за да им купиме чевли! Кој бренд го претпочитате?“ напиша Букеле коментирајќи ја публикацијата на „Ел Паис“ која ги критикуваше условите за трансфер на 2000 мажи во затворот.

Во изминатата година, десетици илјади луѓе биле уапсени како дел од владината кампања против бандите, пишува „АП“. Многу групи за човекови права издале предупредувања за кршење на правата на уапсените и можното незаконско притворање на невини, што се чини ни најмалку не го одвраќа претседателот на Ел Салвадор, кој бележи зголемена популарност поради намалувањето на криминалитетот.

Парламентот на Ел Салвадор вчера ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец на барање на претседателот Нагиб Букеле, чија „војна“ против бандите доведе до повеќе од 65.000 апсења и притворања. Продолжувањето одобрено од Конгресот е 12-то по ред од март 2022 година.

Густаво Вилаторо , министерот за правда на Ел Салвадор, вчера изјави дека членовите на бандата кои биле уапсени „никогаш нема да се вратат на улица“, иако 57.000 од нив дури и не поминале низ процесот на покренување обвинение или судење. „Тие никогаш нема да се вратат во општествата, населбите и градовите на нашиот сакан Ел Салвадор“, карактеристично изјави Вилаторо.

Само 3.500 од уапсените досега се ослободени.

Ел Салвадор отвора мегазатвор поголем од град

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот