Фото: Принтскрин од Собрание

Претседател на ДКСК ќе се бира по изборите

Откако Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека нема надлежност да дава мислење дали е итно или не да се избере нов претседател на ДКСК, по истрагата и оставката на Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја избра комисијата за селекција на кандидатите за нов претседател на ДКСК, но кажа дека оваа комисија ќе продолжи со работа по изборите од 3 ноември.

Тоа значи дека процесот за избор на претседател на ДКСК се става во мирување и ќе продолжи по локалните избори.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски го прочита она што им го испратиле од ДКСК кое беше испратено и до медиумите. Собранието нема да се впушта во автентично толкување на Изборниот законик туку овој процес ќе го стави во мирување.

Членови на Комисијата за селекција се Илбер Руфати, заменик народен правобранител, Дарко Аврамовски, член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество , Балдри Јашари, член на истото тело, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери-Стафаи од коалицијата „Вреди“, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот