Апсење / лисици / Фото: МИА

Претреси во Липково, Куманово и Желино поради финансиски криминал со набавка на нафтени деривати

Управата за финансиска полиција утрово изврши претреси на повеќе локации – во Липково, Куманово и Желино, поради сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот