Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

И покрај шпекулациите за негово можно враќање во Јувентус, Антонио Конте и следната сезона ќе го води Наполи. По вчерашниот состанок со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, беше постигнат договор што ја елиминираше секоја дилема околу иднината на италијанскиот стратег.

Конте, кој со Наполи ја освои четвртата титула шампион на Италија во историјата на клубот, наводно бил многу блиску до враќање во Јувентус, но сега работите се сменија. Де Лаурентис успеал да го убеди Конте да остане, ветувајќи му амбициозен проект и значителен трансфер-буџет од 150 милиони евра.

Како дел од планот за иднината, Наполи има намера да ги донесе ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, како и напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид. Со овие засилувања, клубот од Јужна Италија ќе атакува на висок пласман во Лигата на шампионите.

Конте има договор до 2027 година, а неговата одлука да остане во Наполи директно влијаеше врз тренерските ротации во Серија А. Масимилијано Алегри, кој беше посочен како негова можна замена, како што стојат работите ќе го преземе Милан.

Со тоа, Антонио Конте дефинитивно ги затвори вратите за евентуално враќање во Јувентус. Навивачите на „старата дама“ веќе одамна му замерија поради преминот во Интер, а сега уште повеќе поради „изигрувањето“ на вербалниот договор со клубот од Торино.

Кога е Јувентус во прашање, Игор Тудор најверојатно ќе го предводи клубот и наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот