Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Пресврт: Барселона може да ги регистрира Олмо и Пау Виктор!

Непосредно пред вечерашниот натпревар од шпанскиот Суперкуп во кој Барселона го совлада Атлетик Билбао навивачите добија одлична вест, Пау Виктор и Дани Олмо ќе можат да бидат регистрирани за вториот дел од сезоната.

Највисокиот суд во Шпанија ја поништи донесената одлука на Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија и сега тие ќе треба да го пријават Олмо како фудбалер на Барсеона.

Од почетокот на случајот Барселона тврдеше дека документите биле навреме доставени, меѓутоа проблем беше правилото според кое еден фудбалер не може да биде регистриран по вторпат, ако претходно му била суспендирана регистрацијата од било која причина.

Во третата жалба Барселона успеа да ја објасни ситуацијата, а судот ги прифати аргументите и донесе одлука во полза на каталонскиот гигант.

Исто така добра вест за Барселона е што сега успеа да го врати нормалното финансиско работење, а последен пат тоа беше случај во 2020 година, па така клубот од Каталонија уште оваа зима ќе може да се активира и да купува во јануарскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!