Препорака од докторите: Чаша од овој напиток пред спиење го чисти црниот дроб, ја ублажува кашлицата и придонесува за добар сон

Д-р Ерик Берг, автор на бестселерот „Здрав кето план“ е специјализиран за здрава кетоза и повремен пост. На својот канал на Јутјуб, кој има 12,7 милиони претплатници, тој ги опиша придобивките од секојдневното консумирање вода од каранфилче.

Берг вели дека освен што водата од каранфилче е вкусна, има и голем број здравствени придобивки. Тој објасни дека каранфилчето порано се користело за време на црната чума за ублажување на болките, како и во минатото во стоматологијата.

„Добра работа со оваа вода е што речиси нема никакви несакани ефекти, делува антибактериски, антигабично, и има антивирусни својства“.

Дневната консумација на вода од каранфилчиња може:

– Да го детоксицира црниот дроб
– Да ја ублажи надуеноста
– Да го стимулира варењето
– Да ги ублажи респираторните проблеми како што се бронхитис, слуз во белите дробови, настинки, кашлица и астма
– Да го подобри помнењето, фокусот и концентрацијата
– Да помогне во циркулацијата на крвта

„Можете да го сметате за природен антибиотик, но без несакани ефекти. Некои луѓе го користат и за помнење, концентрација и фокус, но оваа вода од каранфилчиња делува и на срцето, така што всушност може да го одржи срцето здраво, особено циркулацијата на крвта. Исто така, има имунолошки својства, така што може да помогне во одржување на здрав имунолошки систем, бидејќи е антимикробна. Некои луѓе ја користат дури и како средство за плакнење на устата и за да го освежат здиво“, вели докторот.

Тој додава и дека водата може да се користи како пијалак за подобро спиење бидејќи е природен седатив без негативни ефекти, без нуспојави како апчињата за спиење.

Берг препорачува да се пие вода од каранфилче 30 минути пред спиење.

„Би требало да се пие пред спиење, се чини дека делува навистина добро бидејќи ви помага да се опуштите и може да ви помогне да заспиете. Дефинитивно може да помогне“, советува тој.

Како да направите вода од каранфилче?

Земете четири или пет каранфилчиња, ставете ги во чаша вода и сварете ги. Откако ќе зоврие тргнете ја од ринглата и оставете да се излади еден час. Напитокот можете да го чувате и во фрижидер. По желба додадете половина лажичка мед за да ја засладите водата.

Обично во кој било маркет можат се да најдат цели каранфилчиња без никаков проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!