Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Мицкоски ја презел одговорноста за транспортот на најтешко повредените во Кочани

Најтешкиот момент во живот на премиерот Мицкоски е ужасниот настан во Кочани, тој на Самитот на „Македонија 2025“. Тој детализираше дека во 3.30 наутро на 16 март бил разбуден од член на обезбедувањето на министерот Панче Тошковски, кој веќе бил упатен во Кочани.

-Бидејќи не го гледав телефонот, нормално во тоа време логично е да спиете и потоа кога го погледнав, ја видов пораката. Веднаш се соземав, ги повикав луѓето од мојот тим за да се упатиме во Кочани. Таму веќе беше министерот за внатрешни работи, по што бевме во полициската станица. Тоа беше можеби најтешкиот ден во мојот живот – рече Мицкоски.

Според него, најтешки биле одлуките кога доаѓала понуда за помош од секаде, а особено од регионот.

-Знаете ние, за жал немаме немаме брилијантни односи со дел од соседите, особено со еден, и тогаш кога треба да носите одлука, треба да водите сметка за последиците кои може да се случат. Од друга страна, медицинските лица ви велат дека тешко повредени пациенти во таква состојба не се за транспортирање. Ми рекоа дека опцијата е ние да ги негуваме и дека ќе имаме многу жртви скоро од денеска. Првите 72 часа се најкритични. Тогаш размислив и за неколку секунди ја прифатив помошта од соседите, за веднаш да ги транспортираме. Еден од нив ми рече дека е на моја одговорност и се согласив. Така првите 50 пациенти беа транспортирани, а потоа помошта почна да стигнува и од другите земји – раскажа Мицкоски, изразувајќи благодарност кон сите кои биле вклучени во давањето прва пкмош, транспортот и тешкото лекување на повредените лица од Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот