
Премиерката на Данска најави забрана за социјални мрежи за деца под 15 години: Телефоните им го крадат детството, ослободивме чудовиште
Данската влада сака да воведе забрана за користење на неколку социјални мрежи за деца под 15-годишна возраст, објави премиерката Мете Фредериксен во вторникот, пренесе „Политико“.
Препорачано
„Мобилните телефони и социјалните мрежи им го крадат детството на нашите деца. Ослободивме чудовиште,“ рече таа во воведниот говор пред данскиот парламент,“ рече Фредериксен.
Таа додаде дека речиси сите ученици во седмо одделение, кои најчесто имаат 13 или 14 години, веќе поседуваат мобилен.
„Се надевам дека вие тука во салата ќе помогнете да го зајакнеме законот за да се грижиме подобро за нашите деца во Данска,“ истакна таа.
Сепак, премиерката не даде дополнителни детали за тоа како би изгледала таквата забрана, а ваков предлог-закон не се појавува во законодавната програма на владата за претстојната парламентарна година.
Граѓанска иницијатива од 2024 година, која собра 50.000 потписи, повика на забрана за „Тикток“, „Снепчет“ и за „Инстаграм“.
Оваа најава не изненадува. Социјалдемократката и претходно изразувала поддршка за забрана на социјални мрежи за лица под 15 години.
Данската влада, исто така, врши притисок врз ЕУ да ги обврзе технолошките компании да ја проверуваат возраста на корисниците онлајн.