
Предвидувањата на Ридли Скот: Живееме во времето на „Блејд ранер“ (ФОТО)
Култниот филм „Блејд ранер“ пред две години доби продолжение по што публиката, особено помладата, повторно полуде по оригиналниот филм премиерно прикажан во 1982 година.
Дистопиското поимање на иднината, креирано од режисерот Ридли Скот, интересно се одвива во 2019 година. Тешко дека денеска живееме во таков свет, но од друга страна има работи што се точно предвидени во филмот.
Препорачано
Реплики
Секако дека човечките реплики се во фокусот на приказната во „Блејд ранер“, а факт е дека технологијата на денешницата е многу далеку од произведување на вештачка интелигенција, која би била речиси идентична со луѓето.
Видеотелефонија
Видеоповиците веќе извесно време се присутни во нашата секојдневна комуникација, па така може да се констатира дека во овој сегмент е направен полн погодок. Може и да се констатира дека видео телефонијата е далеку поразвиена од тоа што е прикажано во филмот.
Автомобилите не летаат
Во „Блејд ранер“ автомобилите летаат. Точно е дека постојат поголем број на прототип дизајни на автомобили и мотоцикли што летаат, но многу сме далеку од сериско производство и до масовна употреба. Затоа и ова предвидување може да се прогласи како урането.
Паметни куќи
Истребувачот Декер на влезот од својот дом се идентификува со својот глас. Оваа алатка денеска е речиси бесплатно достапна и се практикува во поголемиот дел од светот, како дел од апликациите обединети под слоганот „паметни куќи“. Декер исто така не користи класичен клуч, туку картичка за отворање на вратата, што веќе извесно време се користи по хотелите од целиот свет.
Дигитални фотографии
Дигиталните бази на податоци веќе цела деценија се речиси екслузивниот начин на чување на нашите фотографии. Тука е направена очигледна грешка во предвидувањето, бидејќи во „Блејд ранер“ во повеќе сцени се гледаат полароид фотографии.

Загадување
Во „Блејд ранер“ луѓето бегаат од голеите градови поради презагаденоста. Иако екстериерот не е ист, сепак загадувањето е сеприсутно и затоа може да се констатира дека Ридли Скот бил во право. Но во право биле уште стотина други сценаристи и режисери, кои во СФ филмовите снимани во минатото, предвиделе дека големите градски средини ќе станат неподносливи за живот.
Детектори за лага
Детекторот за лаги што Декер го користи за да ја утврди фреквенцијата на емоции, според кои репликите се разликуваат од луѓето, најголемиот дел од полициите во светот секојдневно го користат при испрашувањето на осомничените. Сепак, детектор за лаги постоеше и во 1982 година, се разбира во својата аналогна варијанта.
Роботи за секс
Ова предвидување е сосема точно. Голем број високотехнолошки напредни компании ги нудат своите секс-роботи, а цените на овие производи веќе не се ни особено скапи. Можеби во „Блејд ранер“ роботите за секс имаат повеќе човечки карактеристики, но начинот на употреба им е идентичен со постоечките роботи.
Колонии на други планети
Во „Блејд ранер“ човештвото веќе одамна ја напуштило Земјата и луѓето живеаат на голем број други планети, каде што се изградени цели колонии. Нема потреба да се објаснува премногу, за да се докаже дека сме светлосни години далеку од ова предвидување на Ридли Скот.