Booking.com

Предупредување од Букинг: Измамите скокнаа за 900 проценти поради вештачката интелигенција

Букинг предупредува дека вештачката интелигенција предизвикува огромен пораст на измами. Марни Вилкинг, шефот за безбедност на интернет во компанијата, рече дека во последните 18 месеци има зголемување на измамите од 500 до 900%.

Конкретно, таа го истакна порастот на измамите кај луѓето кои ги откриле своите податоци откако станале достапни генеративните алатки за вештачка интелигенција како Четџипити.

Напаѓачите користат вештачка интелигенција за да создадат лажни мејлови кои се далеку подобри од кога било досега. Измамниците често таргетираат страници како Букинг и Ербнб бидејќи им дозволуваат на корисниците да наведат сопствено сместување- вели таа.

Откако некој ќе плати, измамниците или исчезнуваат без трага – оставајќи го клиентот без место за престој – или се обидуваат да изнудат повеќе пари преку дополнителни пораки. Овие типови на измами постојат со децении, но тие често носат знаци, како правописни грешки.

Говорејќи на конференцијата за технологија во Торонто, Вилкинг рече дека вештачката интелигенција го отежнува откривањето на измамата бидејќи може да генерира реални слики и многу попрецизен текст, на повеќе јазици како внесување код испратен до телефон – како „најдобар начин за борба против кражба на идентитет“. Таа ја нагласи и потребата од зголемена претпазливост при кликнување на линкови.

И покрај критиките за употребата на вештачката интелигенција од страна на измамниците, Вилкинг рече дека технологијата исто така му овозможува на Букинг брзо да ги отстрани лажните хотели кои се обидуваат да измамат луѓе.

„Поставивме модели на вештачка интелигенција за да ги откриеме и блокираме пред да се појават на страницата или да ги отстраниме пред да се направат какви било резервации“, рече таа.

Џејн Хокс, експерт за заштита на потрошувачите во туристичката индустрија, рече дека туристичките провајдери треба да ги „засилат своите напори“ за да ги предупредат луѓето за измами.

„Тие исто така имаат одговорност да ги советуваат патниците како да го минимизираат ризикот од измама“, рече таа.

Таа препорача да резервирате пакет договор, наместо да резервирате летови и сместување одделно, и да користите кредитна картичка за максимална заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот