мост Беласица/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките на ЕСМ мостот е целосно функционален, а токму тие беа изговорот зошто мостот досега не беше достапен во двете коловозни ленти.

Телма пишува дека Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски правел пробно товарење дали Беласица може да се пушти во употреба и за тешки товарни возила и да се тргнат собраќајните барикади кои означуваат каде можеше да се вози а каде не. По тестирањето без никакво известување од надлежните институции мостот Беласица целосно се пушти во употреба. Барикадите се тргнати на страна возилата движат по двете ленти во двата правци.

Дел од медиумите пак соопштија дека Градот Скопје целосно го пушти мостот, но без да го добие извештајот од пробното товарење. Мостот Беласица беше оштетен во пожар кој се случи во мај лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот