
Пред пет години Армани напишал писмо-пророштво: Еве зошто модната индустрија наскоро би можела да доживее пропаст
Ерата на големите дизајнери неизбежно се ближи кон крајот. Еден по друг во последните години нè напуштија гигантите Карл Лагерфелд, Пако Рабан, Балестра, Кавали, а сега и Џорџо Армани се пресели на вечната, небесна писта. Доајенот на италијанската мода и мајстор на мајсторите, кој остана верен на својот минималистички израз до последниот здив, своевремено испратил писмо до магазинот „ВВД“ (WWD) што натерало многумина да стават прст на челото и да се прашуваат каде плови модниот брод.
Препорачано
View this post on Instagram
„Работата е најефикасниот серум против стареење“, зборувал неуморниот Џорџо Армани, кој, дури ниту во доцниот живот, не излегувал од атељето, внимателно оценувајќи ги скиците и детално проверувајќи го секој крој.
Само пандемијата на ковид, пред неколку години, го принудил да направи пауза, но дури и тоа било краткотрајно.
Карантинот што никој не сака да го памети бил голем предизвик за славниот креатор. Светот беше заклучен, од куќите и становите се изглегуваше само поради неопходна потреба, бутиците беа затворени, модните ревии беа откажани, а со општата загриженост за иднината се појави и прашање што ги натера сите во индустријата да се чувствуваат морничаво – дали ова се последните денови на високата мода?
View this post on Instagram
Луѓето преку ноќ сфатија дека треба да трошат пари само на неопходни работи, а, сигурно може да се преживее без „висока мода“. Масовниот пазар барал нешто друго, спротивното од тоа, а Армани многу гласно се бунел против брзата и евтина мода. Затоа, во 2020 година, тој испратил отворено писмо до култното списание ВВД (Дневна женска облека – Woman’s Wear Daily), изразувајќи го своето незадоволство поради „здравјето“ на глобалната модна сцена, која ја обезвреднила самата суштина на луксузот.
„Падот на модниот систем каков што го знаеме започна во моментот кога луксузната индустрија ги усвои принципите на брзата мода. Ако моите костуми стојат во продавницата само три недели, бидејќи на крајот од тој период ќе се сметаат за застарени и ќе бидат заменети со нови, тогаш ништо нема смисла. Јас не работам така и мислам дека овој систем е неморален“, напиша визионерот кој ја претвори изреката „помалку е повеќе“ во уметност и филозофија.
Армани додал дека ќе престане да ги следи глобалните трендови и дека ќе се води исклучиво од своите заповеди: неговите ревии нема да се претворат во циркус, на облеката ќе ѝ остави доволно време да ги пронајде своите клиенти, а на себеси да пронајде сила да го надмине стравот од откажување и олабавување во оваа бесконечна трка. Бидејќи хиперпродукцијата стана најголем моден криминал.
View this post on Instagram
Тој отсекогаш верувал во идејата за безвременска елеганција, во автентичноста како основна вредност.
„Пандемијата е совршен момент да се преиспита потребата да се прикажуваат крстаречки (cruise) колекции на егзотични дестинации, со просечни идеи и луди трошоци“, истакнал Армани, кој никогаш не бил само име на етикета, туку моден гигант и врховно божество.
View this post on Instagram
На крајот од писмото, тој го повикал светот на модата да се обедини, да се врати на човечките вредности (да се потсетиме дека во текот на пандемијата донираше милиони долари за хуманитарни цели и своите погони ги адаптираше за производство на заштитна опрема) и да креира посоодветен моден пејзаж.
„Оваа криза покажува дека промисленото забавување е единствениот начин да се врати вредноста на модниот бизнис и да се натераат клиентите да ја сфатат неговата вистинска важност.“
View this post on Instagram
Десет модни заповеди на Џорџо Армани што секоја жена треба да ги знае!
Во 91 година од животот: Почина италијанскиот дизајнер кој го освои светот на модата, Џорџо Армани
Животната приказна на Џорџо Армани: Човекот кој едноставноста ја претвори во елеганција