Мекелнбург, Западна Померанија / Германија / 1 август 2020 / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Пред две недели Германија ги отвори училиштата сега заразените ќе мора да одат во карантин

Само две недели по повторното отворање на училиштата, во најмалку 41 од вкупно 825 училишта во Берлин е регистриран коронавирус, а погодени се сите старосни групи, односно учениците од основните, средните и стручните училишта.

Поради тоа стотици ученици и наставници мора да одат во карантин, вечат претставниците на образовните власти. Слично е и во некои делови на САД и Израел, каде училиштата исто така се повторно отворени.

Во Франција, во која после летниот распуст, училиштата од 1. септември повторно ги отворија вратите, сите ученици постари од 11 години во текот на престојот во училиште задолжително ќе мора да носат заштитни маски на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот