Фото: Инстаграм/Тајчи

„Пред да почине, ми вети…“: Тајчи му посвети емотивна објава на својот сопруг кој почина од рак

Со трогателна објава на Инстаграм, хрватската пејачка Татјана Камерон – Тајчи се присети на својот покоен сопруг Метју, кој да беше жив денеска ќе го прославеше својот 53. роденден.

„Денеска Метју ќе наполнеше 53 години. Ние секогаш се шегувавме дека јас бев постара од него.

Годинава ни се случија големи транзиции и промени. Болката од недостигот најмногу се чувствува во тие моменти. Тој секогаш наоѓаше решенија и ништо не беше ‘премногу’ за него.

Фото: Инстаграм/Тајчи

Го препознавам во храброста на нашите деца, во нивната смисла за хумор, во нивната истрајност, во нивната верност, човечките вештини, креативноста и посветеноста во она во кое веруваат. Го гледам неговиот дух во начиност на кој тие ги надминуваат границите за да излезат од својата комфорна зона.

Го доживувам во сите тие мали моменти кога се чувствувам преоптоварено. Пред да почине, тој ми вети дека веќе го имам она за што зависам од него – способноста да останам смирена и приземјена во моментите на криза и да не престанам да верувам“, напиша пејачката на Инстаграм.

Сопругот на Тајчи почина на 47-годишна возраст, како последица на тешката борба со ракот на белите дробови.

Тие стапија во брак во декември 1999 година, а ги имаат тројцата синови – Дранте, Иван и Брејз.

Ексклузивно интервју со Тајчи: Премолчив дека ме силуваа за да се заштитам, се мразев себеси, а не предаторот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот